Можеби денеска младите не го практикуваат, но со сигурност сите се сеќаваме како порано кога се одело на гости нашите родители велеле дека не треба да се оди со празни раце и секогаш купувале мелено кафе или некоја бонбониера.
Постои обичај кој вели дека никогаш не треба кај некој дома да се оди на гости со празни раце. Многумина овој обичај погрешно го замислуваат, сметајќи дека е срамота доколку отидете кај некого дома и не му купите ништо. Всушност, поентата на овој гест е нешто сосема посебно, важно за среќа и судбина, како ваша така и на другите. Зошто е важно да во нечиј дом не одиме со празни раце, најдобро има објаснето Дипак Чопра, познатиот индиски гуру и лекар по алтернативна медицина.
Чопра истакнува дека една од најважните работи кои ги научќил во детството е никогаш кај никого доам да нбе влегува со празни раце, никогаш да не влегува без поклон. Истото тоа Чопра им го пренел на своите деца, а заблудата е во тоа дека поклонот мора да биде нешпто големо и скапо. Како што наведува Чопра, тоа може да биде и еден цвет, порака или разглендица на која ќе ги напишетре своите чувства кон личноста во чиј дом влегувате, или нешто да ѝ посакате. Можете да ѝ донесете комплимент, или молитва, не мора да е материјален поклон.
„Кога ќе сретнете некој можете тивко да му дадете благослов, да му посакатре среќа, радост и многу смеа. Овој вид на поклон е м,ногу моќен“, истакнува Чопра.
Зошто е важно секогаш да носите поклон во нечиј дом?
„Одлучете да давате каде и да одите, кому и да се обратите. Колку повеќе давате, благодарение на чудесното функционирање на овој закон, вие добивате. И кога добивате повеќе, вашата способност да дадете повеќе се зголемува. Нашата вистинска природа е богатство и изобилство, ние сме богати по природа, бидејќи природата ја поддржува секоја наша потреба и желба. Не губиме ништо, бидејќи нашата суштина е чист потенцијал и бескрајни можности“, објаснува овој индиски мудрец.
Заклучокот е – давајте од срце за и вие да добиете. Низ циклусот на давање почнува да циркулира енергија на изобилство и радост.