Зошто е добро да си дремнете попладне?

Редовното наоѓање време за малку сон во текот на денот е добро за мозокот и му помага да остане поголем подолго време, објави BBC, повикувајќи се на наоди од научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Тимот научници покажа дека мозокот на луѓето кои дремеле во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри – што е еквивалент на одложување на стареењето меѓу три и шест години. Научниците препорачуваат оваа дремка да биде пократка од половина час.

Сепак, кратката дневна дремка е предизвик за вработените луѓе бидејќи е доста тешко да се спие на работа.
„Ние сугерираме дека секој може потенцијално да доживее некаква корист од дремењето“, рече д-р Викторија Гарфилд. Таа ги опиша откритијата како „прилично нови и возбудливи“.
Дневните дремки се важни за бебињата, па стануваат сè поретки со текот на годините, а луѓето се враќаат на дневните дремки кога ќе се пензионираат. Дваесет и седум проценти од луѓето над 65 години се релаксираат со дремење во текот на денот.

Д-р Гарфилд вели дека советот за кратки дневни дремки е многу полесен за спроведување отколку, на пример, губење на тежината или вежбање, што на многумина им е тешко.
Мозокот природно се намалува со возраста, а дали дневниот сон може да спречи болести како што е Алцхајмеровата болест, останува прашање за друга студија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.