Зошто не ги паметиме настаните од најраното детство?

Детската амнезија е невозможност на возрасните луѓе да се сетат на детали од настани или целосни настани кои им се случиле пред четвртата година од животот. Како што минуваме низ различни фази од развојот, така помалку се сеќаваме на тоа што било.
Зошто е тешко да се сетиме на работите кои ни се случиле пред четвртата година?
Една од теориите зошто не чуваме спомени од раното детство е фактот дека не сме можеле вербално да комуницираме. Повеќето деца не почнуваат да зборуваат пред втората година од животот, а нашите сеќавања се тесно поврзани со нашата способност за говор.
Развојот на мозокот има огромна улога. Како што растеме, нашиот мозок работи многу. Всушност, истражување покажа дека мозокот е зафатен со растечки број на нови клетки, не складирајќи ги сеќавањата кои инаку би биле долготрајни.
Освен тоа, не можеме ни физички да се присетиме на секојдневните настани пред третата, четвртата години бидејќи епизодното сеќавање уште не е ни активирано.
Затоа може да имаме апстрактни спомени како парк во кој често сте оделе, но не и продавница во која сме биле само еднаш.
Друга студија сугерира дека нашите родители се во состојба да ја променат нарацијата на нашето детство. Нашите родители сериозно го менуваат начинот на кој се присетуваме на одредени настани. Децата различно се сеќаваат на ист настан откако за тоа разговарале со своите татковци, за разлика од мајките, покажа исто истражување.
Од голема важност е да им се помогне на децата да ги задржат само добрите сеќавања и правилно да ги перципираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.