Зошто никогаш не треба да го спречувате кивањето?

Луѓето киваат за да ги отстранат алергените од носната шуплина, а спрелувањето на накивавицата не е без ризици, предупредуваат експертите.

Во медицинската литература нашироко се опишани случаи на крварење во мозокот и руптура на тапанчето, главно поради нагло зголемување на притисокот при исфрлање на воздухот, а свесно задржување на кивавицата може да ја зголеми ризик од три опасни компликации.
За време на кивањето, телото доживува нагло зголемување на притисокот во синусите, носната шуплина и грлото. Сепак, задржувањето на респираторниот рефлекс предизвикува овој притисок дополнително да се зголемува, што ги доведува во опасност крвните садови. Според д-р Стјуарт Сандерс, лекар од општа ординација во Лондон, кивањето може да биде толку силно што може да предизвика пукање на аневризма во мозокот.

„Аневризмата може да пукне доколку артерискиот крвен притисок се зголеми и предизвика крварење што го оштетува мозокот. На прашањето зошто спречувањето на кивавицата е опасно, д-р Сандерс наведе три причини.
„Прво, како што е опишано погоре, спречувањето на кивавицата може да предизвика нагло зголемување на крвниот притисок со можни негативни последици“, објасни тој.
„Второ, бидејќи притисокот на воздухот во задниот дел на носот се зголемува кога се држи кивавицата, постои ризик од туркање на слузта и појава на инфекција во средното уво. Ова може да предизвика акутна глувост, инфекција или дури и пукање на тапанчето во екстремни околности .”
Лекарот го наведува ризикот од акутен синузитис како трета причина за избегнување држење на кивавица. Ова може да се случи ако зголемувањето на притисокот ја тера инфекцијата во параназалните синуси, што може да доведе до оваа медицинска состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.