Сите сме слушнале за волшебниот италијански остров Капри, но многумина не знаат за најпознатиот десерт од ова место – тортата или колачот „Капрезе“.
Тоа е чоколадна класика која можете да ја подготвите за секаква пригода затоа што се состои од само со 4 состојки!
Освен местото од каде потекнува, интересен е и начинот на којшто била за првпат подготвена – по грешка.
Легендата вели дека во 1920 година, готвачот по име Кармин ди Фјоре за првпат ја направил тортата „Капрезе“ во занаетчиската работилница на Капри, кога му било наредено да направи десерт за тројца Американци.
Кога слушнал дека станува збор за мафијаши, пријатели на Ал Капоне, готвачот заборавил да стави брашно во тортата. Се разбира, тој тоа не смеел да го каже, па десертот го сервирал онаков каков што бил. И резултатот бил одличен! Неговата „торта со грешка“ станала една од најпознатите низ цела Италија.
Торта со грешка: Зошто оваа торта од 4 состојки е најпопуларна во Италија веќе 100 години?
Рецепт за тортата „Капрезе“
Потребни состојки:
4 јајца,
150 г шеќер во прав,
150 г црно чоколадо,
200 г мелени бадеми,
130 г путер,
шеќер во прав за украсување.
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото и путерот на пареа за да добиете фин крем.
Оставете го кремот да се излади.
Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во цврстиот снег со половина од шеќерот во прав.
Изматете ги жолчките со остатокот од шеќерот, додајте го стопениот путер со чоколадото, а потоа убаво изматете ја смесата со миксерот на мала брзина.
Додајте ги мелените бадеми, промешајте со лажица, а потоа лесно мешајќи додајте ги во изматените белки.
Истурете ја смесата во добро подмачкана тава обложена со хартија за печење и печете ја тортата во рерна загреана на 170 ᵒC околу 30 минути.
Проверете со чепкалка за заби за да бидете сигурни дека е добро испечена, но имајте на ум дека основната карактеристика на деликатната торта „Капрезе“ е дека треба да остане влажна и кремаста во средината.
Печената и изладена торта посипете ја со малку шеќер во прав и сервирајте. Најубава е ако ја јадете додека е сè уште топла.
Крцкава однадвор, а мека и кремаста одвнатре, тортата „Капрезе“ сигурно ќе ве освои уште со првиот залак! Иако состојките можеби ви се чинат „тешки“, вкусот е неверојатно лесен и многу одговара со шолја кафе.