Ви откриваме 10 придобивки од студеното време поради кои уште повеќе ги сакаме есента и зимата. Често слушаме дека студот е добар за нашето здравје, но дали знаете кои се точно придобивките кои нашето тело и ум ги имаат од ниските температури?
Ви откриваме 10 придобивки од студеното време кои ќе ве охрабрат веднаш да излезете на прошетка.
1.Повеќе енергија
Дали сакате да пукате од енергија? Изложеноста на ниски температури, како што е пешачење на студ, ќе ве исполни со енергија и ќе бидете енергични со часови откако ќе се вратите на топло. За студот да има таков ефект, не мора да бидете долго изложени на него. Ќе биде доволно кратко време – затоа одете на брза прошетка.
2.Подобар сон
Луѓето кои патат од несоница имаат повисока телесна температура, па затоа спиењето во малку разладена просторија, на идеална температура од 16 до 20 степени Целзиусови, ќе им помогне на оние кои страдаат од несоница да спијат подобро, како и на сите останати.
3.Согорување калории во кафеавото масно ткиво
Кафеавото масно ткиво произведува топлина и согорува масти, а кај бебињата служи за регулирање на телесната температура. Кај возрасните, кафеавото масно ткиво се наоѓа во помали количини.
4.Мозокот работи подобро
Докажано е дека луѓето имаат многу помала веројатност да носат поголеми, посложени одлуки поради високите температури. Топлото време ги исцрпува нашите резерви на гликоза побрзо, а бидејќи ја користиме гликозата во менталните процеси, недостатокот од неа влијае на нашата способност да донесуваме одлуки.
5.Дишеме подобро поради чистиот воздух
Есента и зимата значат збогум на високите нивоа на озон вообичаени во пролетните и летните месеци. Поради свежиот, чист воздух, овој период од годината е идеален за престој во природа, долги прошетки и длабоко дишење.6.Совршени температури на трчање
Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат во доцна есен? Тоа е затоа што е полесно и поудобно да се трча на пониски температури. Трчањето во топло и влажно време има многу исцрпувачки ефект врз нашето тело. Истражувањата исто така докажаа дека трчаме побрзо на студ, што значи дека можеме да согориме повеќе калории за помалку време. И не заборавајте да се облекувате во слоеви!
7.Студот го намалува воспалението и ги брка инфекциите
Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање мраз на отеченото и болно место. И ниските температури на воздухот го имаат истиот ефект. Многу спортисти користат криотерапија или терапија со мраз за лекување на воспаленија и повреди, што значи изложеност на екстремно ниски температури. Престојувањето на отворено нѐ прави поотпорни. Тоа е затоа што бројот на клетки кои се борат против инфекции всушност се зголемува кога сме на студ.
8.Се чувствуваме подобро во сопствената кожа
На ладно време не мора да се грижиме за тоа како изгледаме во бикини што всушност ја зголемува нашата самодоверба. Тоа е исто така период од годината кога размислуваме за вежбање за да донесеме новогодишни одлуки.
9.Повеќе ги цениме деновите што доаѓаат
Истражувањата покажаа дека луѓето кои живеат во области каде што е секогаш топло и сончево, всушност не се посреќни од другите. Луѓето се најдобро расположени по подолг период на постудени и помрачни денови. Затоа, радувајте се затоа што повторно ќе дојдат топлите и сончеви денови.
10.На студ нема инсекти
Ниските температури убиваат инсекти како што се комарците, што значи дека не мора да се браните од овие мали штетници кои исто така можат да пренесат болести.