Млекото и павлаката даваат сочност, ловоровиот лист, мајчината душица и лукчето даваат арома, а крцкавиот слој на пармезанот над компирите е неодолив.
Оваа смеса од компири е идеално зимско јадење, а најдобриот „зачин“ во јадењето е сланината. По желба може да си додадете и зеленчук, а кремастата павлака ќе го направат повкусно од било кое друго јадење.
Состојки:
– 2,5 килограми компири;
– 1 коцка путер;
– 200 милилитри млеко;
– 300 милилитри павлака;
– 2 ловорови лисја и рузмарин;
– 2 чешниња лук;
– сол, бибер;
– мајчина душица;
– 150 грама сланина;
– 150 грама пармезан;
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Намачкајте ја со путер. Ставете го млекото и павлаката во поголем сад, па додадете ги рузмаринот, ловоровиот лист и исечканото лукче. Оставете да проврие, а потоа мешајте 1-2 минути. Тргнете го садот од оган, па посолете и ставете бибер.
2. Додадете ги компирите исечени на тенки парчиња и мајчината душица, па измешајте добро. Ставете ја смесата во сад за печење.
3. Исечканата сланина испржете ја во тава, па додадете ја во садот со компирите и потоа одгоре ставете го пармезанот.
4. Садот за печење покријте го со алуминиумска фолија, па печете околу 50-60 минути.
Пријатно јадење!