Израдувајте ги најмилите со вкусни, меки и лесни солени мафини

Почестете се самите и израдувајте ги најмилите со вкусни, меки и лесни солени мафини. Мафините со сирење се добредојдени во сечија чинија и се идеални за брз и неодолив појадок или забава во домашна атмосфера.

Еве како со еден рецепт можете да станете експерт за правење мафини, кои ќе ги примамуваат вашите гости да посегнат барем по уште едно парче:

СОСТОЈКИ

3 јајца

1 шоља јогурт

2 шољи масло

2 шољи брашно

200 грама сирење

½ сол

½ масло

сусам

ПОДГОТОВКА

  1. Потпечете 4-5 лажици сусам на тивок оган и оставете го настрана.
  2. Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете со миксер. Додавајте ги постепено останатите состојки по следниов редослед: јогурт, масло, брашно, пециво, сол. Добро изматете.
  3. Наведената количина сирење изрендајте ја на крупната страна од рендето во претходно приготвената смеса.
  4. Наполнете ги формите за мафини со добиената смеса и поросете со сусам.
  5. Печете на 200°С околу половина час.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.