ГИР: Џамбаски не ја рефлектира позицијата на ЕУ за Македонија

Евроамбасадорото Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива.

Потсетувајќи дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградиле од овие изјави, тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

„Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

Пронајдете не на следниве мрежи: