Има 43 години, јаде чоколадо и изгледа неверојатно добро

Трејси Андерсон е експерт за фитнес која се грижи за фит телата на славните личности и еве како се храни таа. Вели дека здравата храна и фитнес рутината се клучот за добриот изглед, пренесува Дејли Меил.
“Си подготвувам здрави оброци така што никогаш не сум јадела нездрава храна доколку сум била гладна”, вели таа.
Прво вели дека ја подготвува својата ќерка за нејзиниот ден, потоа медитира и го започнува својот ден со кафе со млеко.
За доручек вели дека јаде сендвич со јајца, кој го прави со сирење на англиски начин.
“Не сум фан на овошје и никогаш нема да јадам суши – паразитите ме полудуваат”, рекла 43 годишната Трејси.


Меѓутоа мексиканската храна е нејзина омилена и ја јаде секој ден.
“Порција начос со чипс без глутен, пржен грав, павлака, исечкан кашкавал, домат, кромид и пилешко. Омилен оброк за вечера ми е салата, месо и компир, а сакам и лосос и ракчиња”.
Јајца, чоколадо и млеко мора да имате во секое време во фрижидерот, бидејќи како што тврди таа, тие се главните продукти за нејзината исхрана, а сака да се напие и чаша вино.
Претходно има изјавено дека е уморна од приказната за формата на славните, бидејќи станува збор за индустрија која често игра на тоа колку една жена е слаба.


“Фотографиите на социјалните мрежи ја анализираат секоја поединечна калорија. Што прават славните е ирелевантно. Се чувствувам како да ги затемнуваме своите светла со тоа што гледаме кој што пие на тие фотографии. О, Боже, таа личност го држи тој пијалак. Дали таа тоа го пие? Дали поради тоа изгледа така? И јас сакам да го пијам тоа за да изгледам исто”, вели Трејси за токсичното размислување на младите денес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.