ВАШИОТ АМАНЕТ НЕМА НИКОЈ ДА ГО ЗАБОРАВИ, ВАШАТА СМРТ НЕМА ДА БИДЕ БЕСЦЕЛНА, ТАА ЌЕ БИДЕ РЕПЕР КАКО ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ МАКЕДОНЦИ ТРЕБА ДА СИ ЈА БРАНАТ СВОЈАТА ЗЕМЈА!
Колку ли брзо нивната смрт стана бесцелна, а нивниот аманет погазен.Колку брзо ги заборавивме овие млади и храбри момчиња. Колку таа борба денес стана мета на потсмев и иронии. Денес се посрамежливо ги изговараме имињата на паднатите браќа се во името на на некои си идни времиња. Не ги чувствуваме деновите кога тие ја испуштија душата за вас бездушните!
Не, јас тоа не можам да го сфатам. Мојата нетолерантна црпка не може да ги свари тие гомнарии.
И денес кога го пишувам ова, очајно се прашувам дали постои некаква инекција која ќе биде вбризгана во мене та да се избрише целиот оној период во мојот мозок на детонации и истрели далеку од родната куќа?. Само така не би се чуствувал себе си како ништожен мајмун. Само така не би се чуствувал како дрвена кукла управувана од раката на оној кој ме држеше на нишан.
Право на избор немаме. Пред рамковниот договор овде не постои ништо. Тој август го избришавме нашето претходно постоење затоа што нели, пред тој период Македонија беше тиранска и нетолерантна земја. Иако како такви станавме членки на ООН, на Партнерството за мир, потпишавме пакт за Асоцијација и стабилизација со ЕУ. Ништо не важи сето тоа драги мои Македонци!!!
Сите сме родени отприлика тој август 2001 година……. Барем така треба да размислуваме според нив……Нашите Илиндени, аманетот од Крушевската република и НОБ веќе не се во духот на новата Македонија.
Овде сега владеат некои нови…. Призренски начела. Затоа е Македонија ,,демократска’’ земја.
Преземено од БУЛЕВАР
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.