Многу познати жени од ова поднебје имаат зад себе неколку бракови, а убедлива победничка е токму нашата пејачка, Маја Оџаклиевска.
Наводно, имала 12 брака, како што и самата признала, додека никогаш немала проблем да остави маж кој не ѝ одговарал.
„Имав 12 таканаречени бракови. Како што започнуваше оној период со приговарање или однесување кое не ми се допаѓа, ги ставам сите работи во ќеси за ѓубре и велам: „Работите ти се пред врата. Збогум, пријатно и нов брак!“. Мајка ми знаеше да говори: „Један се отегао, други се протегао“, изјавила своевремено пејачката.
Инаку, пејачката е мајка на две ќерки, Теа и Андреа кои ѝ ги подариле внуците Лука и Константин. Ги одгледала сама, со оглед на тоа што никогаш не се омажила за таткото на Теа, а од таткото на Андреа за кратко време се развела.
„Никогаш не се омажив за Александар, таткото на Теа, затоа што тоа не ме интересираше. Не ме интересираше да готвам ручек и да водам таков живот. Но, се омажив за таткото на Андреа, Енес, на негово инсистирање. Се венчавме, но тоа не траеше долго. Важни се за моите деца, па одржував контакт со нив.
Со таткото на Теа бевме пријатели до лани, додека не почина. И со таткото на Андреа, кој денес има сопруга и две ќерки одам на ручек кога доаѓаат во Белград. Со никого се немам разделено на лош начин“, раскажала пејачката за „Хит Информер“, а потоа ги опишала деновите во кои како самохрана мајка се соочила со сиромаштија.
„Имаше страшни моменти кога ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити со вода, бидејќи немавме пари за млеко. Беше тешко до тој степен. Не можев да работам, а сепак не сакав да правам компромиси и да пеам нешто што не можам, нешто што „мојот желудник не го поднесува“. Еднаш се обидов. Преку менаџер од „Радио Белград“ прифатив тезга во Германија како би заработила за децата. Работевме петок, сабота и недела. По тие три дена си реков: „Никогаш повеќе!“, се присетила Маја.
Последниве години Маја живее на село, а заминувањето од градот, како што вели, била една од најдобрите одлуки што ги донела.
„Многу ми е убаво кога ме будат славеи. Зошто да слушам наутро трубење од колите во градот? И додека не се преселив, се восхитував на Весна Змијанац кога отиде во Букуља. Сфатив дека тоа што го напушти градот е најпаметниот потег што го направила. Јас сум градско дете, но во Скопје пораснав во куќа со двор. Отсекогаш сум сакала да имам своја куќа со градина и тоа ми се исполни“, додала Оџаклиевска, која до неодамна живеела со нејзиниот внук Лука, кој боледува од аутизам.
„Лука сега е подобар, нè разбира подобро од порано – но сè уште не зборува. Со него треба многу да се работи и јас кога имав сила, можев сето тоа да го совладам. Но повеќе немам! Минатата година ѝ го предадов на ќерка ми Tea и ѝ реков: „Сине, не можам повеќе!“ Сега е физички посилен, а исто така и во пубертет.
Нема шанси да продолжам да се грижам за него. Мило ми е што гледам подобрување кај Лука, во смисла дека нè разбира подобро од порано. Но, и понатаму не зборува. Најголемата желба ми е да го слушнам внук ми додека зборува“, завршила пејачката за споменатиот медиум.