Интелигентните луѓе честопати се осамени и несреќни

Коефициентoт на интелигенција на Алберт Ајнштајн бил 170, на Стивен Хокинг – 160, на Ештон Качер е 150, а на Натали Портман – 140. Се чини, паметните луѓе се навистина среќни…
Но, реалноста вели дека среќата меѓу натпросечно интелигентните луѓе, е поретка отколку што се смета. Порталот „Брајт сајт“ спровел анализа околу тоа зошто овие луѓе се така осамени, несреќни и изгубени. Следуваат шесте најчести причини за тоа…
1. Премногу анализираат
Луѓето со висок коефициент на интелигенција се склони кон тоа постојано да ги анализираат случувањата во животот. Со тек на времето, тоа ги исцрпува, зашто сето тоа е исполнето со страв и разочарувања. Писателот Роберт Табиби вели дека треба да сфатиме – да се згреши е човечки, и дека не постојат совршени луѓе.
Школо интелигенција
2. Интелигентните јасно знаат што сакаат
Тие често го идеализираат светот и тешко се откажуваат од превисоките очекувања. А, реалноста околу нив просто секогаш носи разочарувања. Тоа им пречи да бидат задоволни од својот живот и да се чувствуваат среќни.


Во книгата „Вистинска среќа”, Мартин Селигман, психолог од Универзитетот на Пенсилванија, советува да не ги заборавате оние нешта коишто ве тераат да се чувствувате благодарни.
Секој сака да има блиска врска со некого, но за интелигентните луѓе е многу тешко да разговараат отворено со кого било, зашто честопати се несфатени. Кое е решението? Помагајте им на другите, дури и на непознати. Оние кои ги поддржуваат другите, чувствуваат поголема внатрешна хармонија, од оние кои одлучиле да ги игнорираат туѓите проблеми.
3. Не секогаш се успешни
Испитувањата покажуваат дека 85 отсто од финансиската благосостојба зависи од индивидуалноста, комуникативноста и способноста за преговори. А, интелигентните луѓе доста често се повлечени или повторно несфатени. Психологот и добитник на Нобелова награда, Даниел Канеман смета дека луѓето претпочитаат да соработуваат со некој што им се допаѓа и на кого му веруваат, дури и ако тој предлага поскап производ. Според научниците, емоционалниот, моралниот и физичкиот интелект играат многу поголема улога во постигнувањето финансиски успех.
4. Имаат повеќе стрес од останатите
Канадско испитување доведе до заклучок дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција ги восприемаат едноставните секојдневни проблеми многу поразлично од другите. Тие имаат навика да размислуваат повеќеслојно за тоа што се случува, па и за негативните нешта, што пак, води до хроничен стрес.
Според психолозите, треба да научиме како навреме да ги стивнеме негативните чувства, кога ќе се соочиме со повеќе проблеми одеднаш. Тоа ќе ни помогне поспокојно да ги анализираме еден по еден.
5. Тие луѓе се посклони кон здравствени проблеми
Колку луѓето се поинтелигентни, толку подоцна и си легнуваат – посочуваат научниците. Тоа, пак, води до срцеви заболувања. Освен тоа, се покажа дека високоинтелигентните се склони и кон алкохолизам и пушење, а тоа е поради зголемениот стрес.
Мотивациониот говорник и писател Адам Џексон советува да вежбате техники на опуштање. Тоа вклучува редовен одмор од сите дневни активности, полн ноќен сон, како и неколкучасовно „неправење ништо“, но и почести физички вежби и разни активности кои ве исполнуваат. Лачењето на „хормонот на среќа” е извонредно значаен за психофизичката состојба.

6. На интелигентните им е поудобно кога се сами
Интелигентните луѓе лошо ги доживуваат честите контакти со пријатели. Тоа е така најчесто поради големите амбиции кои ги имаат, па „немаат време за ништо друго“. Ако се чувствуваме добро кога сме сами, донекаде е и добро, но не треба да се изолираме од нашите блиски.
Психологијата докажува дека луѓето кои самите создаваат време за своите блиски, се чувствуваат многу поисполнети во својата старост. Да споделите радости, како и се друго што вклучува комуникацијата е од исклучителна важност. Секогаш настојувајте да го постигнете тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.