Иран во вторникот ги отфрли како „смешни“ обвинувањата на канада дека двете лица обвинети за ковање завера за терористички напад на канадскиот патнички воз во Торонто, се поврзани со Ал Каида од Иран.
„Ова е најсмешната работа што сум ја чул за моите 64 години“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи и додаде дека секое тврдење дека Ал Каида е поврзана со Иран е „навистина апсурдно“.„Се надеваме дека канадските власти ќе покажат малку мудрост и ќе обрнат внимание на светското јавно мислење и разузнувачките информации, додаде Салехи.Иран е шиитска муслиманска нација, додека Ал Каида е составена од сунитски муслимани кои ги сметаат шиитите за еретици, потсетува агенцијата АФП.
Maкфакс
Иран во вторникот ги отфрли како „смешни“ обвинувањата на канада дека двете лица о
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.