Младата турска актерка Мелиса Донгел, се истакнала како една од најпознатите актерски ѕвезди на својата генерација.
Вртоглавата популарност ја стекнала по улогата во серијата „Мириса на љубов“ која ги срушила сите рекорди на гледаност во Турција.
Денес, таа има 23 години и ужива во славата и успехот, но животот не ѝ бил отсекогаш мед и млеко.
Претходно признала дека имала трауматично и тешко детство. Така во јули 2021 година, таа го започнала судскиот процес против својот татко и одлучила да го преземе старателството над својата помлада сестра која тогаш имала 17 години.
Причината за таквиот потег било тоа што Мелиса кога имала само 15 години, била жртва на сексуално злоставување на својот татко, па сакала да ја заштити својата помлада сестра да не доживее иста судбина.
„Уморна сум од животот во којшто се преправам дека ништо не се случило. Тешко го преживеав своето детство. Мојата мајка не ми веруваше. Ми рече: Немој да одиш во полиција, тие ќе го уапсат татко ти, но ќе го ослободат и тој ќе те убие“, открила актерката и ги шокирала своите фанови.
Нејзината мајка дури и јавно признала дека не ѝ верувала на својата ќерка кога ѝ зборувала дека татко ѝ ја злоставува.
„Пред две години мојата ќерка ми кажа дека татко ѝ ја злоставувал, но не ѝ верував затоа што не го видов тоа. Едно утро го затекнав во кревет со мојата ќерка и го прашав што прави“, изјавила мајката која одбила да се грижи за ќерките, наводно поради сиромаштија, па се вратила во родната Русија.
Мелиса поради сето тоа долго одела на психолог и со него разговарала за последиците од овој страшен чин на нејзиниот татко. Актерката поради ова признание добила многубројна поддршка на социјалните мрежи, но и од своите колеги.