Овие нешта треба да ги внесувате во вашиот организам поради тоа што во нив се наоѓа бактериски сој важен за здравјето на системот за варење на храната – Lactobacillus bulgaricus.
Луѓето кои често консумираат поголема количина на кисело млеко или пак јогурт се поздрави и подолго живеат, покажале истражувањата.
Инаку, микроорганизмите кои се користат во пробиотски цели се по потекло од системот за варење на човекот, не се патогени и не се токсични за луѓето.
Совршено ги преживуваат условите кои владеат во системот за варење. Тоа значи дека не реагираат на големата киселост на желудочниот сок, како ниту на желудочната киселина која се наоѓа и во тенкото црево.
Според легендите, најголемата популарност киселото млеко ја достигнало во 16-от век, кога Сулејман Величествениот испратил некој познат турски доктор да го излечи тогашниот крал на Франција од стомачни тегоби.
Докторот со себе понел и стадо овци за да може да го направи „чудотворниот“ лек за кралот.
Бугарскиот научник Стамен Григоров во 1905 година прв ги опишал млечно-киселите микроорганизми кои се задолжени за ферментација потребна за добивање на киселото млеко.
Оваа бактерија денес е позната како Lactobacillus bulgaricus, а првпат била изолирана од домашно бугарско овчо млеко. Популарниот руски нобеловец Илија Мечников бил воодушевен со откритието на таа бактерија.
Во своите научни истражувања дошол до заклучок дека токму таа ги уништува штетните микроорганизми кои настануваат во процесите како што е труење на цревата, во текот на варењето на храната.
Оваа корисна бактерија го чисти и го јакне целиот организам. А, Русите се познати љубители на ферментираните млечни производи, како што се јогуртот и кефирот, но и киселото млеко, а во нивната делотворност ја пронаоѓаат и долговечноста и доброто здравје кое ги служи.