Истражувањето откри: Дали Instagram навистина влијае врз вашата врска?

Во време кога речиси сите ги ставаат своите животи на социјални мрежи, тие, како феномен, неприметно, влијаат врз нашите животи.

Дали Инстаграм создаде сосема лажен свет? „Инфлуенсерите“ ги користат вашите психолошки слабости за да ве манипулираат. А тоа создава психопатолошки тенденции кои се поразителни…

Едно социолошко истражување покажа дека дури една третина од двојките се чувствуваат незадоволни од нивната врска, кога гледаат совршени слики од други парови на Instagram.
Истражувањето откри: Дали Instagram навистина влијае врз вашата врска?

Колку време трошите на социјални мрежи секој ден наместо, да речеме, се посветите на вашиот партнер и дали социјалните мрежи можат да влијаат на вашата врска?

Се разбира дека можат и тоа најчесто, не многу позитивно.

Пред сè, понекогаш и покрај прекумерното слободно време, вашиот партнер може да се почувствува запоставено и не само тоа. Ставањето слики на совршени парови на интернет, директно се одразува на вашата визија и очекувања, кога вашата врска е во прашање.

Едно социолошко истражување покажа дека дури една третина од двојките се чувствуваат незадоволни од нивната врска, кога гледаат совршени слики од други парови на Instagram.

Проблемот поврзан со овој феномен на социјални мрежи се јавува кога партнерите почнуваат да ја набљудуваат својата врска преку нејзиното поставување на социјални мрежи.

Кој ставил лајкови на поголем број на слики? Дали вие сте поставиле повеќе заеднички слики или тој? Колку се добри вашите фотографии, во споредба со фотографиите на другите парови?

Ви предлагаме, со цел да ја подобрите вашата врска и да ги подобрите односите и комуникацијата со партнерот, да го намалите користењето на социјалните мрежи од прекумерно до умерено и конечно да го поминувате времето еден со друг.

Забавувајте се, уживајте во моментот и вашата љубов и не, не морате да го забележите секој момент со фотографија, препуштете се и уживајте во него!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.