Исхраната игра клучна улога: Овие 4 намирници ги ублажуваат симптомите на ревматоиден артритис

Ревматоидниот артритис спаѓа во групата хронични заболувања, кое во главно ги зафаќа зглобовите, но ретко може да се случи и да премине на внатрешните органи.

Ова заболување спаѓа во системски заболувања на сврзното ткиво, а по ерозијата на зглобната ‘рскавица и пропаѓањето на коските, последиците се јавуваат во вид на болка, вкочанетост и различни деформации.

Ревматоидниот артритис е многу распространето заболување кое најчесто се јавува кај жени, а причината за неговата појава е сè уште непозната. Се знае дека влијание има генетиката, како и различни други фактори, како на пример вируси и бактерии.
Еден од проблемите е што не може да се открие на време, а првите симптоми кои би требало да ве предупредат се утринската вкочанетост и болки во текот на движењето.

Покрај задолжителната терапија, исхраната игра клучна улога во здравјето. Познато е дека со добро балансирани и здрави оброци можеме многу да си помогнеме и да си олесниме при многу здравствени состојби.
Како и кај сите други болести, и кај ревматоидниот артритис постојат намирници кои би требало што почесто да ги консумирате бидејќи ги смируваат симптомите на ова заболување.

Лук
Благодарение на неговите сулфурни соединенија, лукот го смирува воспалението.

Цвекло
Цвеклото е богато со антиоксиданси, па освен што ги смирува воспаленијата, одлично е и за намалување на ризикот од развој на рак и кардиоваскуларни заболувања.

Спанаќ
Овој зеленчук е богат со витамин К и токму затоа е најпрепорачувана храна за ублажување на симптомите на ревматоиден артритис.

Исхраната игра клучна улога: Овие 4 намирници ги ублажуваат симптомите на ревматоиден артритис

Тиква
Содржи каротеноиди и антиоксиданси кои го ублажуваат воспалението, а богата е и со растителни влакна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.