Полицијата во Торино добила дојава дека еден постар господин со години се преправал дека е слеп за да добие инвалидска пензија. Надлежните покренале истрага која траела со месеци, при што старецот бил постојано следен.
Тој бил откриен кога полицијата сфатила дека нормално се движел по улица без помагала. Без проблем вадел и пари од банкомат.
Старецот е обвинет за измама и наскоро треба да се појави на суд.
Истрагата утврдила дека старецот на сметката имал повеќе од 90.000 евра и истите му биле привремено одземени.
Доколку се утврди дека не е слеп, ќе мора да ѝ ги врати сите пари на државата.
Во истрагата биле опфатени и офталмолози кои му издале потврда дека старецот е слеп.