Како што стареете, одржувањето на телесната тежина станува малку потешко. Всушност, многу жени се здебелуваат за време на менопаузата затоа што хормоналните промени влијаат на телесната тежина.
Како да го избегнете зголемувањето на телесната тежина додека сте во менопауза?
Сепак, само хормоналните промени не предизвикуваат зголемување на телесната тежина во менопауза. Вишокот тежина во тој период обично е резултат и на неактивност, генетски фактори, стареење, нередовна исхрана со внес на повеќе калории и сл. Во продолжение прочитајте кој е најдобриот начин да се спречи зголемување на телесната тежина за време на менопаузата и потоа.
1. Движете се повеќе
Физичката активност е многу важна, а за повеќето возрасни, препораката е минимум 150 минути физичка активност неделно.
Исто така, покрај кардио тренинг, пожелно е да имате и тренинг за сила.
2. Внимавајте што и колку јадете
Ова значи дека принципите на правилна исхрана се применуваат во секој период од животот – јадете редовно, умерено и разновидна храна.
Изберете овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, ореви, риба, посно месо, млечни производи со малку маснотии, повеќе влакна.
Намалете го внесот на мрсна, пржена и зачинета храна. Елиминирајте ги соковите, алкохолот и грицките или сведете ги на минимум.
3. Доволен внес на течности
Секојдневно внесувајте минимум 30 мл течност на 1 килограм телесна.
И запомнете, успешното слабеење во која било фаза од животот бара трајни промени во навиките.