Кога веќе ги бираме внимателно состојките за нашиот следен оброк, зошто да не ги избереме и состојките на додатоците кои ги користиме?
Кога ќе имате остатоци од зеленчук кои не се баш најдобри за свеж оброк или се малку количински, искористете ги за да направите од нив домашни бујон коцки од зеленчук.
Состојки:
700 грама мешан зеленчук по избор
Во овој рецепт се користени:
2 стебла целер
1 тиквичка со средна големина
половина компир
половина главица кромид
2 моркова
50 грама спанаќ
110 грама сол
маслиново масло
Забелешка: Ако сакате, можете да додадете повеќе или помалку сол. Тоа зависи од зеленчукот што го користите. Затоа, овие коцки се наменети да ја заменат солта при готвење. И готовите коцки се прилично солени. Во овој рецепт е искористена само 16% од тежината на користениот зеленчук (што беше 700 грама). Излегуваат 20 коцки, па ако поделиме 110 грама сол во 20 коцки, во секоја коцка ќе има само 5,5 грама сол. 1 коцка обично се употребува во 500 грама вода за рижото, на пример.
Следете ги инструкциите за подготовка во видеото: