Како да направите домашни коцки за супа?

Коцките за супа се една од главните состојки на многу јадења. Затоа вреди да одвоите малку време и да направите домашни коцки за супа. Сигурни сме дека тие ќе бидат поздрава варијанта и ќе бидат полни со вкус и арома.
Како да направите домашни коцки за супа?
Потребни состојки:
2 лажици масло
1 главица лук
2 лаворови листа
5 суви печурки
2 главици кромид
2 стебленца целер
¼ главица целер
3 моркови
1 китка магдонос
100 г морска сол
2 лажици црвен пипер
1 лажица куркума
1 лажица оригано
1 лажица мајчина душица


1 лажица благ буковец
½ лажици лут буковец
2 чаши вода
2 лажици доматно пире
2 лажици темен соја сос
2 лажици магдонос
50 г сув квасец
Начин на подготовка:
Во тава загрејте го маслото. Ситно исечкајте го кромидот на коцки и пропржете го.
Додајте го пиперот, лаворовиот лист, лукот и исечканите печурки.
По некое време, додајте ги исечканите стебленца од целер и добро промешајте.
Исечкајте го коренот од целер, морковот и магдоносот на ситно и додајте ги во тавата. Пржете околу 10 минути со мешање.
Додајте ги сите останати зачини, промешајте и додајте две чаши вода. Гответе 10 минути.
Додајте го доматното пире, соја сосот, магдоносот и сувиот квасец. Отстранете го лаворовиот лист од тавата. Истурете ја смесата во калапи за мраз и чувајте ја во замрзнувач.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.