Како да направите омлет за четворица од само 1 јајце?

Омлетот е исклучително погоден оброк, и за појадок, но и за вечера.
Меѓутоа, што ако го отворите фрижидерот и сфатите дека имате само едно јајце?
Ништо, ќе го прескокнете ова јадење и ќе мислите на нешто друго, додека не тргнете во шопинг.
Ова е сценарио кое би им се случило на повеќето од нас.
Но, не и на искусните домаќинки.

Тие применуваат трик со кој од едно јајце можете да се направи оброк за четворица.
Јајцето изматете го со вилушка, па истурете малку млеко и додадете две лажици брашно. Сето ова соединете го за да нема грутки. После тоа додадете му две-три лажици вода, бидејќи омлетот не треба на крајот да излезе густ.
Уште еднаш сè добро промешајте, загрејте ја тавата на средна температура и прелијте ја со масло. Доколку сакате омлетот да има поинтензивен вкус, пржете на путер наместо на масло.
Истурете ја смесата, пропржете ја и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.