Зголемениот холестерол е еден од маркерите дека во кардиоваскуларниот систем нешто не е како што треба, научно докажано тој го зголемува и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар поради што важно е да го држите под контрола.
Холестеролот претставува восочна супстанција која на организмот му е неопходна за работата на клетките, а поради тоа што станува збор за структурен елемент на клеточните и интраклеточните мембрани тој има специфична улога.
Неговата улога е синтеза на жолчната киселина во хепатоцитите, а учествува и во произведувањето на хормони, како и работата на дигестивниот тракт итн.
Меѓутоа, неопходно е тој да остане во границите на нормалата, доколку неговото ниво е зголемено тогаш тоа не е добра вест.
Од друга страна, холестеролот често го нарекуваат и тивок убиец затоа што може да не дава никакви симптоми и да се утврди само по анализа на крвта. Многу е опасен LDL холестеролот којшто често се нарекува „лош“ холестерол и којшто го зголемува ризикот од срцеви проблеми и мозочни удари.
Како да го препознаете високиот холестерол?
Постојат неколку симптоми кои можат да укажуваат на зголемено ниво на холестерол во крвта, а британски „Express“ пишува дека еден показател во пределот на нозете често е знак за тоа.
Кога артериите содржат премногу холестерол, тие можат да станат тврди и крути, тврди угледната американска клиника во Кливленд, што понатаму може да го наруши протокот на крв во нозете.
Тоа може да биде првиот симптом на нарушена циркулација која понекогаш може да доведе до состојба која е позната како болест на периферните артерии. На тоа претходно предупредувала и британската Национална здравствена служба.
„Симптомите на болести на периферните артерии можат да вклучуваат губење на влакната на нозете, трнење или слабост во нозете, но и побавно растење на ноктите“, истакнуваат експертите.
Иако оваа состојба не е смртоносна, тоа може да биде знак дека во организмот постојат блокади кои можат да имаат фатални последици.
Првиот показател на болести на периферните артерии е чувство познато како повремена клаудикација, односно болка во мускулите која се појавува кога сте активни и престанува додека одморате.
Се наведува дека повремената клаудикација ја следат и следните симптоми:
- Болка;
- Грчеви;
- Непријатност.