Како да препознаете чист и квалитетен мед?

Иако повеќето купувачи сакаат да набават чист мед, поради различни причини, најчесто завршуваат со погрешен производ. Со овие неколку корисни чекори може да ја проверите чистотата на медот.
1. Кристализација
Ако купениот мед се кристализира по некои време, тоа е добар знак. Имитацијата на мед ќе остане глатка како сируп, без разлика каде го чувате, додека чистиот мед ќе се кристализира.
2. Мед во вода
Ставете мед во чаша студена вода, ако се стопи тоа е знак дека медот не е чист и содржи сируп. Ако не се стопи туку падне на дното, тогаш е целосно чист.


3. Мед и хартија
Ставете неколку капки мед на хартија и набљудувајте што ќе се случи. Ако медот се впие во хартијата, тогаш не е чист. Ако остане на површината, тогаш е чист.
4. Мед во уста
Непосредно пред голтањето вистинскиот мед ќе ви даде чувство на боцкање во устата, нешто што лажниот мед не може да го постигне.
5. Мед и леб
Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе стврдне за неколку минути, додека вештачкиот ќе го навлажни затоа што содржи вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.