Еве како да се зачуваат „искрите“, поврзаноста и љубовта.
Среќната врска е предизвик, но за да успеете да ја сочувате љубовта, мора да се справите со односот со личноста што ја сакате.
Еве некои психолошки совети кои можат да ви помогнат да ја направите вашата врска уште подобра.
Не заборавајте што беше на почетокот
Како што созрева врската помеѓу двајца луѓе, паровите како да забораваат дека прво биле само еден маж и жена, а дури потоа станале партнери.
Обидете се никогаш да не го заборавите тоа, и да ја сочувате љубовта и страста што ве поврзуваат.
Не се обидувајте да го промените вашиот партнер
Секој таков „проект“ е осуден на неуспех. И секој пат кога мала навика на лицето што го сакате ќе ве изнервира, обидете се да се сетите на сите прекрасни карактеристики поради кои некогаш сте се заљубиле во таа личност.
Не заборавајте дека почитта и љубовта се заслужуваат
И дека тоа е „двонасочна улица“. Трудете се еден околу друг секој ден.
Колку и да го сакате партнерот, немојте да се поттикнувате себеси во втор план
Врската е составена од две независни личности, и никогаш не треба да го заборавите тоа. А најсреќните врски не се меѓу двајца луѓе кои не можат да бидат еден без друг, туку оние меѓу двајца луѓе кои можат еден без друг, но избираат да одат заедно низ животот.
Не прифаќајте помалку од она што го заслужувате
Секој од нас заслужува некој да го сака најмногу на светот. Не се согласувајте на помалку од тоа. Лицето што го сакате треба да биде свесно дека љубовта е скапоцена. И дека вие сте скапоцени.
Работете на интимноста
Сексот не е само нешто што треба да ви донесе физичко задоволство, туку чин кој секој пат треба да ја „запечати“ блискоста и емоционалната поврзаност помеѓу луѓето кои се сакаат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.