Во последно време е невозможно да не се почувствува зголемувањето на цените, експертите објаснуваат како да ги одржите здравите навики во исхраната дури и кога домашниот буџет е мал.
Нутриционистот Кејт Сејв истакнува дека се зголемува бројот на луѓе кои се откажуваат од вежбање или здрава исхрана откако буџетот ќе се намали. Одржувањето на здрав животен стил не е приоритет кај човек кој едвај врзува крај со крај.
Истражување покажа дека прво од што луѓето се откажуваат откако ќе пораснат трошоците за живот се откажувањето од храна (22%), а околу 6% изјавиле дека се откажале од вежбање.
Наместо радикални потези и покрај намалените финансиски можности, може да го задржите здравиот стил на живот со помош на овие совети:
Купувајте паметно
Планирајте ги оброците, купувајте свежи намирници кои во моментот се на попуст или со намалени цени.
Купувајте непреработена храна
Луѓето мислат дека ќе заштедат време и пари ако купат замрзната пица. Но, овие преработени намирници не само што немаат хранлива вредност, туку и скапо ќе ве чинат, бидејќи нема да ве заситат.
Свежите намирници како овошје, зеленчук, семиња, јаткасти плодови, јајца даваат чувство на ситост и се поевтина опција бидејќи може да ги комбинирате.
Не избегнувајте замрзната храна
Од замрзнат зеленчук до замрзната риба, има доста хранливи опции. Кејт вели дека дома секогаш има замрзнат зеленчук и зготвена храна која може набрзина да се подготви.
Не се откажувајте од грицки
Ако внимавате на исхраната не значи дека не може да уживате во вкусот на чоколадо или пуканки. Кога зборуваме за штедење, здравјето треба последно да го жртвуваме. Доволни за здрав и евтин живот се креативноста и добрата организација, пишува Body and Soul.