Многумина се откажуваат од јадење леб кога се на диета, но не мора да биде така, пишува Eat This, Not That.
Факт е дека лебот е полн јаглехидрати, а во многу случаи е направен од преработено брашно. Сепак, постои здрав начин на консумирање леб од кој нема да се здебелите. Овие неколку правила треба да ги почитувате ако сакате да уживате во вкусот на лебот дури и кога сте на диета.
1. Правилото 10 : 1
Едноставно е, на секои 10 грама јаглехидрати лебот би требало да содржи грам влакна.
2. Леб од цело зрно
Ако листата на состојки почнува со шеќер, фруктоза, пченкарен скроб, бело или пченично брашно, веројатно станува збор за леб што содржи прости јаглехидрати и би требало да го избегнувате.
Ако не сте сигурни дали станува збор за леб од цело зрно, првите состојки на листата треба да бидат токму житарките.
3. Бирајте органска пченица
Пченицата е многу сменета во последните 50 години и би требало онаа органската да биде изложена на помалку пестициди.
4. Ферментиран леб
Лебот од ферментирано, кисело тесто е богат со здрави бактерии кои помагаат при регулација на функционирањето на дигестивниот систем.
5. Бирајте потемен леб
Колку што е брашното потемно толку е побогат со антиоксиданси.
6. Леб со семиња
Лебот со семиња е преполн со хранливи состојки кои ги нема во обичниот леб.