Фукушима остана „замрзната во времето“ по силниот земјотрес и цунамито што ја предизвикаа една од најлошите нуклеарни катастрофи во историјата.Земјотрес со јачина од 9,0 степени според Рихтеровата скала го потресе јапонскиот град на 11 март, по што бранови од 10 метри ја совладаа морската одбрана, ја исклучија електричната енергија и предизвикаа топење на реакторот во блиската електрана.Властите евакуираа околу 160.000 жители од областа, од кои многумина никогаш не можеа да се вратат дома, пишува Дејли мејл.Влезот во одредени зони, кои имаат релативно високо ниво на радијација, се строго ограничени и достапни со дозвола.Урбаниот истражувач од Британија, Лука Венчрс (27) решил да ги посети таканаречените црвени зони и да ги погледне напуштените згради, вклучувајќи ја и контролната соба на нуклеарна централа.
Тој сподели застрашувачка снимка на својот канал на Јутјуб на која е прикажана Фукушима 13 години по катастрофата.Погледна во напуштените болници, трговски центри, училишта, станбени згради и опиша дека изгледаат како „времето да не ги допрело“.„Ова е надреално искуство. Сè остана недопрено, со траги од животни кои талкаат и бараат храна. Се гледаат и последиците од земјотресот“, вели Јутјуберот.
Тој во февруари годинава поминал четири дена во „црвените зони“, а со себе носел гајгер-бројач (инструмент кој се користи за откривање и мерење на јонизирачкото зрачење).„Посетивме трговски центри, а храната сè уште беше внатре. Сè е оставено зад себе. Секоја зграда во која влегувавме беше навистина чудна“.
На грозоморните снимки гледаме и напуштени станови, училници со детски чанти, оставени набрзина.Сепак, најстрашното искуство го доживеал додека бил во болница.„Никогаш не сум истражувал област и сум се исплашил, но болницата беше навистина страшна. Кога ќе ги видите сите тие работи, како чанти, палта… се нервирате. Ова искуство ќе го паметам засекогаш“, заклучи Лука Венчерс.
Пронајдете не на следниве мрежи: