Мошне е интересно да се следат пројавувањата на Мицковски во овие историски моменти за државата. И лесно се забележува дека неговото внимание е поделено, како и дека недостасува јасен концепт за тоа како да ја води партијата, но и став за клучните национални прашања.
Неговите жонглирања допринесоа да пратеници, градоначалници и видни поранешни функционери вчера гласаат на референдумот и со тоа го подигнат цензусот на она што сега Заев го нарекува „успешен референдум“. Проценки кои не се конечни велат дека дволичното однесување на Мицковски и неговите функционери допринело да на референдумот излезат околу 80.000 подржувачи и членови на партијата. Без таа бројка дебаклот или фијаското ќе беа уште поизразени.
Но, самиот Мицковски како да не знаеше цело време што да прави. Од една страна го имаше членството со јасно изразен патриотски и национален постамент, а од друга страна на него толку саканите амбасади кои по секоја цена бараа од „Белата палата“ да го фундира цензусот. И така се тетеравеа до вчера после 11 кога стана јасно дека нема да има цензус. Од тогаш се смени ставот. Веднаш се заборави и на „фекалиите“ (тие што бојкотирале) како и на амбасадите. Се побрза со приклучок кон тие што бојкотираат. Како „фекалиите“ станаа интересни за Мицковски?
Е ама интернетот памети. Останале сведоштва. Еве ги за вас подолу. Човеков почна да менува ставови како Заев. Но, има еден проблем – Јанчев!