Јапонските научници тврдат дека наутро, на празен стомак, мора да испиеме четири чаши од по 150 мл вода или вкупно 600 мл вода.
Сите веќе знаат дека е неопходно да се пие два литра вода дневно, но кога треба да пиеме, малкумина знаат. Имено, јапонските научници тврдат дека наутро на празен стомак треба да испиеме 4 чаши од по 150 мл вода или вкупно 600 мл вода.
- Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците !
- Светот не е подготвен за хаосот што ќе се случи! Масивна вулканска ерупција се приближува? Тоа би го променило лицето на Земјата
- Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел?
- Новиот филм на Кристофер Нолан ќе се базира на адаптацијата на епската „Одисеја”,Прикажана во јули 2026 година.
- ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА: Еве какви се разликите во платите меѓу мажите и жените во европските земји
- Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по 20 години поминати во затвор во САД
- МИСИЈАТА НА НАСА:Леталото се обидува да се доближи најблиску до Сонцето досега: Какви тајни крие?
- 74-годишна жена од Охрид заврши во болница откако била прегазена од нејзин сограѓанин
Водата ќе го исчисти вашиот стомак, но и ќе го намали ризикот од развој на голем број болести. Имено, водата ги чисти цревата и ја зголемува способноста на желудникот да ги апсорбира хранливите материи од храната што ја јадете.
Постапката е како што следува:
Веднаш штом ќе се разбудите, пред да ги измиете забите и да се измиете, испијте 600 мл вода. После тоа, измијте ги забите, подгответе се, но не јадете и не пијте ништо. По 45 минути појадувајте, но после појадок не пијте или јадете ништо во следните два часа.
Водата помага да се испуштаат токсините од нашето тело, кои прво ќе се видат на лицето и телото, односно кожата. Вашето лице ќе стане посвежо и почисто.
Со пиење вода веднаш штом ќе се разбудите, ќе го намалите времето кое му е потребно на телото да создаде нови клетки и мускулно ткиво.
Ако не пиете доволно вода, може да го зголемите ризикот од разни болести, како што се рак на дојка, рак на матката, леукемија, дијабетес, камења во бубрезите, астма, запек, главоболки и многу други.
Ако ви е премногу да испиете 600 мл вода веднаш наутро, почнете со помали количини кои постепено може да ги зголемувате.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.