ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јуни.
Денеска е Св. Кирил Александриски.
Се роди во Александрија, во втората половина од четвртиот век. Потекнуваше од благородно семејство и беше роднина со тогашниот александриски архиепископ Теофил. Подолго време се подвизуваше во Нитриската пустина, под раководство на старец Серапион. Оттаму го повика архиепи¬скопот Теофил и го ракоположи во чин ѓакон. Кога во 412 година Теофил се упокои, народот го избра Кирил за нов епископ на Александрија. Во негово време се појави ереста на Несториј, кој на Христос му ја одрекуваше божествената природа. Разобличувањето на оваа ерес на Третиот вселенски собор во 431 година во голема мерка е заслуга на свети Кирил. Свети Кирил Александриски се упокои во 444 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св.Иван Фишер и Св. Тома Мор.
Биле убиени во 1535 година кога и биле прогласени за светци по 400 години. Иван Фишер бил бискуп, а Тома Мор, државен канцелар на англискиот крал Хенрик Осми. Голем број католици во Англија останале верни на Римокатоличката црква. Меѓу нив се истакнуваат Иван Фишер и Тома Мор, кои биле убиени поради тоа што не му се покориле на кралот и бидејќи останале верни на Римокатоличката црква.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.