200 гр канелони
400 мл сос од домати
500 гр спанаќ
100 гр црвен кромид
50 гр путер
сол, бибер и зачини по желба
300 гр рикота
200 гр моцарела
Пармезан за посипување
Подготовка:
На загреаниот путер пропржете го сечканиот кромид, посипете со зачини, додадете го исчистениот и измиен спанаќ, па малку промешајте. На крајот, измешајте ја рикотата.
Во огноотпорен сад ставете го доматниот сос, па во него потопете ги канелоните полнети со приготвениот фил, покријте со исечкана моцарела и посипете со пармезан.
Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 40 минути.
Добар апетит!