Баерн Минхен помалку неочекувано дојде до големо засилување пред крајот на зимскиот преоден рок, откако попладнево го промовира португалскиот репрезентативец Жоао Кансело.
Станува збор за фудбалер на Манчестер сити, кој во Баварија доаѓа на позајмица, со опција неговиот договор да биде откупен следното лето за сума од 70 милиони евра.
„Нема фудбалер што не го познава Баерн Минхен, клуб кој секогаш атакува на титули и е гладен за трофеи. Дојдов токму поради тоа. Ќе дадам сѐ од себе во дресот на Баерн Минхен, еден од најдобрите клубови во светот. За мене ќе биде огромна чест да играм со вакви соиграчи, изјави Кансело.