Капама

1 кг јагнешко месо со коска, од врат или плешка
500 г исчистен спанаќ
1 врзоп млад кромид
4 чешнина лук
1 мало филџанче ориз
8 лажици масло
1 коцка за телешка супа
1/2 лажичка црвен пипер
сол и мелен црн пипер
Во тенџере ставете го месото, додадете вода колку да го покрие и варете го на среден оган додека месото не почне да се дели од коските. Извадете го месото на страна.
Спанаќот добро измијте го во неколку води.
Младиот кромид исечете го на кругови, заедно со еден дел од зелените перца. Чешнињата лук згмечете ги.
Во земјана тава ставете ги листовите спанаќ. Додадете ги оризот, сол, црн пипер, црвениот пипер и изронетата коцка за супа. Прелејте со неколку лажици од врелата вода во која се вареше месото за да омекне спанаќот, па измешајте. Одозгора распоредете го месото.
На среден оган на маслото запржете ги кромидот и лукот, па прелејте преку содржината во тавата.
Печете 2 часа на 200 степени, со повремено промешување, додека течноста скоро сосема не се редуцира, а содржината на тавата не стане мека, да се топи во уста. При крајот не мешајте, за да се фати коричка по површината.
Послужете со кисело млеко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.