Неговата „Беса“ нема да гласа за уставните измени во Собранието доколку не бидат прифатени нивните барања (заедно со Алијансата на Албанците) во амандманите од Договорот за Преспа да се избрише зборот „македонски“ во графата за државјанство и да пишува само граѓани на Северна Македонија, се закани Билал Касами.
-Заев ако нема слух за нашите барања, а до сега немаше, да си размислува да си најде уште гласови за уставните измени, рече Касами.
Одлуката дали пратениците на Беса ќе ги поддржат уставните измени ќе ја донесе централното претседателство. Беса во Собранието има двајца пратеници, исто како и Алијансата на Албанците на Зијадин Села.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.