Кај домаќинствата кои се греат на парно мора да има калориметри

По одлуката исклучените од парно повеќе да не плаќаат паушал, првиот човек на енергетика, Бислимовски повтори дека сметките на сегашните корисници на парно нема да растат. По повеќегодишните негодувања и притисоци од граѓанските организации, од први овој месец конечно се укина паушалот за исклучените од парно. Повеќе од 12.000 домаќинства до сега плаќаа и по 20 евра за овој надоместок.
Сепак, тој посочи дека мора да се најде механизам како кај дистрибутерите на топлинска енергија ќе се покрие оваа загуба. Ургираат, вели, до Владата да најде начин како да им го олесни трошокот на граѓаните за купување и поставување на калориметри во домовите, затоа што Регулаторна комисија и понатаму останува на својот став.
Добра вест, и за домовите и фирмите кои користат струја, е тоа што ќе поевтини приклучокот за електрична енергија. Наместо 500 евра, со намалувањето на цената за 20 насто граѓаните ќе заштедат и до 100 евра за приклучок.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.