Кејт Мидлтон ги воодушеви кралските фанови со тоа што му се придружи на кралското семејство на парадата Trooping the Color 2024 во Лондон, нејзиното прво појавување во јавноста по шест месеци.Принцезата од Велс (42), која во март објави дека оди на хемотерапија поради форма на рак, носеше бел фустан со долги ракави со црн лак.
Оваа година, принцезата носеше фустан од модната дизајнерка Џени Пакам за кралската парада .Нејзината коса е обликувана во ниска пунџа, а стајлингот го комплетираше со црно-белата капа Philip Treacy и бисерните обетки Cassandra Goad кои чинат 6.061 долари, пишува Paxe Six .
Заедно со сè, таа носеше црна клач чанта „Mulberry“ од 750 долари , како и брош што го претставува симболот на ирската гарда, на која принцезата е почесен полковник.Принцезата од Велс во својата вчерашна порака рече дека е преплавена од сите љубезни пораки за поддршка и охрабрување во изминатите неколку месеци.