Кина купува руски ловци бомбардери и подморници

Кина се обврза да купи од Русија 24 ловци бомбардери и четири подморници што претставува најголемата руска продажба на оружје на Пекинг во последните десет години, пишува во понеделникот официјалниот кинески печат.Тој договор бил склучен веднаш по доаѓањето во Москва на новиот кинески претседател Си Џинпинг, пишува Народниот дневен весник, официјален орган на кинеската Комунистичка партија. Си допатува отпатува од Москва во неделата по тридневната посета со којашто, како што изјави, е многу задоволен.Договорот предвидува купување на 24 ловци бомбардери од типот „Сухој Су-35“ и четири подморници од класата „Амур“ од кој две ќе бидат изградени во Русија а две во Кина. Весникот не го споменува вкупниот износ на зделката.Според написот, двете земји преговараат и за купување на руските ракетни системи „С-400“, воените воздухопловни транспортери „Иљушин Ил=476“, модернизираната верзијана Ил-76, авионите за логистика „Ол-78“ и мотори за воздухоплови „Сатурн 117С“.Кина, поранешен главен купувач на рускиот воено-индустриски комплекс постепено се оддалечи од Русија кога станува збор за купувањето руско оружје. Кинеските воени експерти и натаму ги интересира купувањето на најдобрите руски технологии, за да ги копираат и да развиваат сопствена индустрија за вооружувањето.Кина на почетокот од март најави дека ќе го зголеми својот воен буџет за 2013 година, што ја предизвика загриженост на соседите особено на Јапонија.
МакфаксКина се обврза да купи од Русија 24 ловци бомбардери и четири подморници што претставува најголемата руска продажба на

Пронајдете не на следниве мрежи: