Новиот кинески претседател Си Џинпинг и’ понуди во средата на јужнокорејската колешка Парк Гуен-Хуен посредништво меѓу двете Кореи, додека Јужна Кореја ги истражува новите хакерски напади врз интернет страниците на медиумите и една голема банка.Кинескиот претседател Си Џинпигн во телефонскиот разговор во јужнокорејската колешка понудил свое посредување во поттикнување на дијалог меѓу двете Кореи, нагласувајќи дека стабилноста н Корејскиот полуостров е од интерес на Кина.Според соопштението на кинеското министерство за надворешни работи, Си во разговорот со Парк изјавил оти се надева дека сите страни ќе се потрудат да се намалат тензиите.Во меѓувреме, јужнокорејската полиција започна со истрагата по хакерските напади на водечките медиуми во земјата и на една голема банка. Четири водечки медиуми во Јужна Кореја и банката „Shinhan“ биле цел на хакерски напади, соопшти полицијата.Се претпоставува дека нападите би можеле да доаѓаат од Северна Кореја, којашто веќе претходно презимаше хакерски напади врз јужнокорејските институции. Полицијата и владата во Сеул, меѓутоа, сé уште со сигурност не можат да кажат од каде доаѓаат нападите.
МакфаксНовиот кинески претседател Си Џинпинг и’ понуди во средата на јужнокорејската колешка Парк Гуен-Хуен посредништв