5 јајца
5 лажици шеќер
1 лажица мед
5 лажици брашно
1 лажица какао
2 лажици масло
½ лажички прашок за печиво
ФИЛ:
250 мл слатка павлака
150 мл млеко
1 кесичка желатин
100 г чоколадо за готвење
100 г млечно чоколадо
150 г маргарин
Се матат белките со мед и шеќер. Една по една се додават жолчките. Потоа се додава масло, брашно, прашок за печиво и какао. Се мати смесата додека се соедини и се нанесува во тава прекриена со хартија. Се пече 15 минути на 180 степени. Откако кората ќе се излади се сече на половина по должина.
Слатката павлака се мати со миксер и постепено се додава млекото. Потоа се додава размешаниот желатин и се мати филот додека се соедини.
Двата вида чоколадо искршени на парчиња се топат со маргаринот.
Првата кора се премачкува со фил, па со чоколадо и се остава во фрижидер да се стегне. Повторно се премачкува со фил и се става втората кора. Одозгора се нанесува преостанатото чоколадо и откако колачот ќе се излади се сече на коцки.