Кисела пилешка чорба

300 г исчистен пилешки ситнеж (пилешки дроб и срца)
1 главица кромид
100 г фиде
1 јајце
1 лажица брашно
1 лажица црвен пипер
1 лажица сув зачин
јаболков оцет по вкус
масло, сол и мелен црн пипер
На 2-3 лажици загреано масло испржете го ситно сечканиот кромид. Откако ќе омекне додадете го исчистениот и на ситни парчиња исечен ситнеж. Мешајте со дрвена лажица додека ситнежот не ја промени бојата. Потоа додадете го брашното и повторно мешајте една минута.
Додадете ги црвениот пипер, сувиот зачин и црн пипер и промешајте. Налејте околу 2 л врела вода и варете на умерен оган 40-тина минути. Пет минути пред крај додадете го иситнетото фиде.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете десетина минути чорбата да се подизлади.
Во сад со виљушка изматете го јајцето и додадете оцет по вкус. Размешајте го со една црпалка од чорбата и непрекинато мешајќи додадете го во тенџерето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.