1 кг брашно
4 јајца
500 мл млеко
500 мл јогурт
200 мл масло
2 коцки квасец
250 г маргарин
сол
400 г дробено сирење
Квасецот измешајте го со малку млако млеко и брашно, и оставете да стаса.
Во сад ставете го брашното и посолете го. Додадете ги млекото, маслото, јогуртот, 2 јајца и стасаниот квасец. Замесете тесто и повторно оставете да стаса.
Размесете го тестото и исечете го на 32 парчиња. Развлекувајте ги парчињата тесто со сукалка и нанесувајте сирење. Виткајте кифлички и редете ги во тава за печење. Премачкајте ги прво со растопениот маргарин, а потоа со изматени жолчки. Печете 30 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.