И покрај првиот пласман на франшизата во полуфиналето на Источната конференција по шест сезони, Кливленд Кавалирс во четвртокот го отпуштија 45-годишниот тренер Џон-Блер „ЏејБи“ Бикерстафф.
„ЏејБи е почитуван тренер на НБА и неверојатно човечко суштество. Во текот на изминатите четири години тој помогна да се воспостави култура која постепено ги тераше играчите да станат најдобра верзија на самите себеси. Одлуките како оваа никогаш не се лесни, особено кога ќе погледнете наназад“, изјави претседателот за кошаркарските операции на Кавс, Коби Алтман.
Откако го замени Џон Бејлејн како привремен тренер во 2020 година, Бикерстаф забележа сооднос на победи и порази 170-159 во пет сезони со Кавалирс. Оваа сезона Кавс го победија Орландо со 4-3 во првото коло од плејофот, а потоа загубија од Бостон Солстикс со 1-4 во полуфиналето на Источната конференција.
Бикерстафф претходно беше тренер на Хјустон Рокетс (37-34 во 2015/2016) и Мемфис Гризлис (48-97, 2017/2019) пред да го преземе Кливленд.
Според американските медиуми, Кливленд сака нов пристап, а претседателот на кошаркарските операции Алтман и генералниот менаџер Мајк Ганси веќе ја започнале потрагата по нов тренер.