Цел на Русија е цела Украина, но Киев нема да се согласи на тоа и ќе седне на преговарачка маса кога и последниот руски војник ќе ја напушти земјата, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
„Киев беше и останува цел на агресорите. Киев е срцето на Украина. Тој е главен град и главна цел. Целта на Русија е цела Украина. Тие ја сакаат целата земја“, предупреди градоначалникот на Киев.
Русија денеска почна нов бран ракетни напади врз енергетската инфраструктура ширум Украина, што предизвика прекин на електричната енергија и ограничени водоснабдувања. Киев побара дополнително оружје од западните земји.
Пронајдете не на следниве мрежи: