Празниците не може да минат без алкохол. Ако сте од оние луѓе кои сакаат да испијат чаша алкохолен пијалак за да се опуштат, но сте на диета, нутриционистите ве советуваат да изберете вино или шампањ наместо пиво, коктели и жестоки пијалаци.
Половина чаша шампањ има само 70 калории, во споредба со 200 калории во чаша виски или 340 калории во еден просечен коктел.
Сепак, треба да внимавате и колку ќе испиете шампањ. Алкохолот го успорува метаболизмот бидејќи организмот треба најпрвин да „се избори“ со течноста која ја внесуваме.
Ако наместо шампањ се одлучите за некој друг пијалак, најдобро е да испиете само една чаша жесток пијалак или чаша вино.
Не заборавајте да пиете негазирана вода додека консумирате алкохол.