Кои здравствени потешкотии можат да се јават доколку не пиете доволно вода?

Препорачаната дневна количина на вода за мажи е 3 литри, а за жени 2,2 литри. Доколку не ја следите оваа препорака, може да се соочите со неколку здравствени проблеми.

Иако постојат многу причини за главоболка, дехидратацијата е главниот виновник. За да избегнете главоболки во иднина, пијте вода во текот на целиот ден наместо да чекате поради жед да се чувствувате лошо, пренесува „Eat This, Not That“. Кога не пиете доволно течности исто така се јавува и тврда столица.
Доколку сте љубител на кофеин и пијалаци заситени со шеќер, имајте на ум дека треба да се трудите почесто да консумирате вода. Таа ќе ви помогне да го избегнете чувството на ненадеен недостаток на енергија што обично се јавува еден до два часа по пиењето на нездрав пијалак.
Лекарите докажале дека метаболизмот на учесниците во истражувањето се зголемил за 30 отсто откако испиле само половина литар вода. Доколку се обидувате да ослабете, водата особено ќе ви помогне во овој процес.
Не можете да се фокусирате на задачата која треба да ја завршите? Ова може да биде поврзано со дехидрација. Водата сочинува дури 80 отсто од мозокот, а дури и мал недостаток од неа негативно влијае на меморијата и вниманието.

Ако веќе забележувате поголем број на отчукувања на срцето од вообичаено, тоа може да биде предизвикано од недоволна консумација на вода. Се смета дека просечниот нормален број на срцеви отчукувања во мирување за возрасен е помеѓу 60 и 100.
Кога не пиете доволно течности, вашето срце мора да работи понапорно за да пумпа крв низ телото, што доведува до побрзо чукање. За да му овозможите на вашиот кардиоваскуларен систем да работи поефикасно, започнете го денот со многу течности и редовно посегнувајте по вода во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.