Кои се последиците од нередовен секс?

Редовниот секс освен големо задоволство, носи со себе и други позитивни работи кои се одразуваат врз психичкото и физичко здравје. Покрај толку направени истражувања сите сме запознаени кои се позитивните придобивки од редовниот секс, но што се случува кога имате нередовен секс?
Депресија
Ако сексот ги прави луѓето среќни, логично неговото отсуство ги прави несреќни. Тоа го докажаа научници од Универзитетот во Флорида, преку посебна студија која ја направија минатата година. Според резултатите кои ги добија, нередовниот секс не само што ги прави луѓето несреќни, туку и депресивни. И тоа колку се поредовни периодите на нередовен секс, толку и се зголемува ризикот од подлабока депресија.


Инфаркт
Повеќе истражувања спроведени досега докажаа дека сексот е добар за срцето. Всушност, секоја физичка активност е добра за срцето, но сексот носи бројни позитивни работи, затоа што освен што овозможува да бидете физички активни овозможува и лачење на хормони кои се благотворни за општото здравје. Тоа значи дека колку човек има поактивен сексуален живот, толку е помала можноста да има проблеми со срцето.
Неквалитетен сон
Нередовниот секс не е директно одговорен за неквалитетниот сон, но затоа пак редовниот секс овозможува поквалитетен сон. Односно, хормоните кои се испуштаат при сексот делуваат смирувачки на организмот и затоа човек многу лесно заспива после тоа.
Недостаток на самодоверба


Освен физичкото задоволство, сексот е добар затоа што после него луѓето се чувствуваат добро, што значи дека е добар и за психичкото здравје. Иако уште не е точно утврдено зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата, се претпоставува дека тоа е така затоа што тој овозможува блискост.
Лоша концентрација
Група холандски научници докажаа дека редовниот секс носи со себе подобра концентрација, а со тоа и се зголемува ефикасноста на човекот на работното место. Кога биле споредени резултатите на оние вработени кои имаат редовен и оние кои имаат нередовен секс, било утврдено дека оние кои имале нередовен секс имаат далеку помала концентрација од останатите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.