Една од најчестите препораки од традиционалната индиска медицина, Ајурведата, е пиењето топла и зовриена вода, особено пред спиење. Во продолжение ви споделуваме зошто е тоа така.
1.Топлата вода делува смирувачки на нервниот систем и помага во ублажување на напнатоста и стресот.
2.Пиењето чаша топла вода пред спиење може да спречи вашето тело да остане дехидрирано додека спиете бидејќи за време на ноќниот одмор телото губи одредена количина течност.
3.Топлата вода може да го стимулира дигестивниот систем. Топлата вода пред спиење придонесува за забрзување на варењето, ги подобрува дигестивните процеси и ги намалува проблемите како што се запек или надуеност.
4.Пиењето топла вода може да помогне во детоксикацијата на телото. Таа го стимулира протокот на крв и ја подобрува функцијата на бубрезите, отстранувајќи ги токсините од телото.
5.Топлата вода може да помогне во мускулната релаксација и намалувањето на напнатоста. Ова може да биде корисно ако имате мускулни грчеви или болки пред спиење.
Сепак, важно е да се знае дека ефектите од пиењето топла вода пред спиење не се подеднакво ефективни кај секого.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.