Колач без печење за љубителите на чоколадо

Ако сакате да јадете нешто слатко, а да не поминете многу време во кујната, овој десерт е одлично решение. Овој колач е толку лесен за подготовка, па може да го направат дури и оние што не се љубители на готвењето.
Готов за 10 минути: Префинет колач без печење за љубителите на чоколадо
Потребни состојки за колачот:
½ л млеко
1 кесичка за инстант пудинг со ванила
3 лажици шеќер
300 г меки бисквити со желе полнење
300 г бисквити со путер
Состојки за глазурата:
100 грама чоколадо
50 грама путер
3 лажици вода
3 лажици шеќер


Начин на подготовка:
Во голема плитка чинија наредете ги бисквитите за да го покриете дното.
Над бисквитите истурете го врелиот веќе подготвен пудинг (според упатството).
Важно е пудингот да е врел за да ја омекне подлогата. Ако сакате колачот да биде покремаст, дуплирајте ја количината на млеко, шеќер и инстант пудинг.
Наредете ги меките желе бисквити со опачината нагоре, прекривајќи ја целата површина со пудингот од ванила.
Чоколадото, шеќерот и водата растопете ги на пареа додека не добиете густ прелив. Тргнете го преливот од оган, ставете го путерот, измешајте и прелијте го целиот колач.
Послужете го колачот кога добро ќе се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.